Францускиот премиер Едуар Филип ја откажа посетата на Израел, предвидена за крајот на мај, поради „внатрешно политички прашања што ќе се случуваат во следните денови“, соопшти денеска извор во Владата на Франција.
Филип требаше да престојува во Израел на 31 мај на стартот на манифестацијата „Израелско-француска културна сезона“.
Меѓутоа, според поратлот „и24њуз“, откажувањето на посетата на Филип е поврзано со осудата на Израел од страна на меѓународната заедница, поради убиството на десетици Палестници за време на минатонеделните палестински протести на гранциата меѓу Појасот Газа и Израел, организрани поради отворањето на Американската амбасада во Ерусалим.
МИА