вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германски политичар од партијата на Меркел бара помош од Кина во борбата против коронавирусот

Германски политичар од партијата на Меркел бара помош од Кина во борбата против коронавирусот

Администраторот на германскиот округ Хајсберг и член на владејачката ЦДУ, Стефан Пуш ја замоли Кина за помош во борбата против коронавирусот.

Пуш, во отворено писмо до кинескиот претседател Си Џипинг, ја замоли Кина за помош во заштитна опрема, затоа што залихите на заштитни маски и престилки се многу мали.

Во писмото испратено до кинеската Амбасада во Берлин, тој потсети дека кинеските власти постојано ја потенцирале важноста да се има доволно заштитна опрема во борбата против коронавирусот.

– Ако кризниот штаб и болниците не можат да набават доволно заштитна опрема овде, што е многу тешко, тоа би имало далекусежни сериозни последици за здравствениот систем на округот Хајнсберг и за сите негови граѓани. Како администратор, ја молам Кина за помош, се вели во писмото.

Тој нагласи дека кинеските лекари имаат најголемо искуство во борбата со епидемијата и оти би била корисна рамена на стручни искуства.

Во округот, кој е на територија на покраината Северна Рајна Вестфалија, има повеќе од илјада заразени и 21 смртен случај од Ковид-19.