понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голема трагедија во кинески рудник: Во експлозија загинаа 11 лица, а девет рудари се повредени

Голема трагедија во кинески рудник: Во експлозија загинаа 11 лица, а девет рудари се повредени

Кинеските државни медиуми јавуваат дека во денешната експлозија во рудник во покраината Лиаонинг на североистокот на Кина загинаа 11 луѓе и повредени се девет, пренесува Ројтерс.

Весникот на Комунистичката партија во Кина „Женмин жибао“ и државната телевизија ЧТВ наведуваат дека уште 25 рудари останале затрупани после експлозијата.

Се наведува дека сопственик на рудникот е компанијата „Хуамеи груп“ која се наоѓа во градот Бенси.

Официјалните лица од Бенси отидоа на лице место како би помогнале во спасувањето, јавува ЦЦТВ.