Во саботата наутро татко го пронашол телото на своето мртво дете во када. Детето било задавено, а веројатно веќе било мртво кога е ставено во када. Го чувала жената која за тоа била задолжена последните пет години.
Родителите во текот на ноќта го оставиле на чување кај дадилката Елизабет С. во германскиот град Хајлборн. Следното утро својот седумгодишен син го пронашле мртво.
Во саботата наутро таткото го пронашол мртвото тело на своето дете во када. Детето веројатно било мртво, пишува германски Билд. Детето требало да преноќи кај 69 годишна семејна познаничка.
Кога родителите дошле да си го земат синот никој не им ја отворал вратата. Таа ја отклучил соседот. На родителите не им е јасно што се случило, бидејќи жената каде преноќило бебето ја знаат веќе долго време. Секогаш била љубезна, а нивниот син го чувала повремено во последните пет години, а детето пак сакало да седи кај неа.
Родителите Елизабет С. имале голема доверба. Елизабет С. исчезната и тек во саботата вечерта се вратила дома. Сосетка видела дека вдовицата се вратила се вратила дома и ја повикала полицијата. Жената е уапсена, полицијата вели дека истрагата е во тек.