петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

И оваа земја повторно воведува ограничувања во клубовите и рестораните- ВРТОГЛАВО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ

И оваа земја повторно воведува ограничувања во клубовите и рестораните- ВРТОГЛАВО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ

Холандија денеска повторно воведе ограничувања во ноќните клубови, рестораните и музичките фестивали само неколку недели откако беа укинати, во обид да се запре наглиот пораст на бројот на заразени со Ковид-19, претежно кај младите.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека мерките ќе стапат во сила утре наутро и ќе останат во сила најрано до 14 август.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Холандија вртоглаво се зголемува, а само вчера беа пријавени 5.500 нови случаи, додека бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 не расте.

Според Националниот институт за здравство, ова е најголемиот дневен број од 14 мај.

Пред една недела имаше 800 новозаразени за 24 часа, а во последните седум дена, во просек по 67 нови случаи на 100.000 жители.

Холандија на 26 јуни ги укина скоро сите ограничувања и маски во моментов треба да се носат само во јавниот превоз.

На многу места, физичкото растојание од 1,5 метри повеќе не мора да се одржува.

Зголемувањето на новозаразени се должи на делта мутацијата, иако во исто време нема зголемување на хоспитализации.