понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илјадници евакуирани во САД и Куба поради бурата Алберто

Илјадници евакуирани во САД и Куба поради бурата Алберто

Илјадници жители на американската држава Флорида се евакуираа заради субтропската бура Алберто, кој се движи на север преку Мексиканскиот Залив.

Метеоролозите предупредија дека бурата може да предизвика смртоносни поплави во јужните крајбрежни држави. Се очекува бурата Алберто денеска да стаса до северозападниот дел на Флорида, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Алберто е првата именувана атлантска бура за 2018 година, која почна пред официјалниот почеток на сезоната на ураганите.

Поради Алберто беа евакуирани над 5000 лица на Куба.