Иран подготви план како да се справи по повлекувањето на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, соопшти владиниот портпарол.
– Организацијата за управување и планирање на Иран подготви план, кој е пропорционален на условите по излегувањето на Америка од Договорот, рече портпаролот Мохамад Бакер Нобахт.
Тој не кажа какви било детали за тоа каков е тој план. Според него, иранската влада одвоила средства за справување со различни сценарија поврзани со нуклеарниот договор.
Нобах додаде дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп ќе направи меѓународната заедница да ја изгуби довербата во САД.
МИА