петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел на чекор пред укинување на сите ограничувања воведени против коронавирусот

Израел на чекор пред укинување на сите ограничувања воведени против коронавирусот

Израел ги укинува речиси сите ограничувања воведени за борба против ширењето на коронавирусот по значителното намалување на бројот на новозаразени.

Според соопштението на Министерството за здравство, истекуваат регулативите во рамките на таканаречениот Зелен пасош. Ова значи дека во иднина јавните институции ќе бидат отворени и за вакцинирани и за невакцинирани.

Повеќе нема да биде потребно да се презентира потврда за вакцинација. Сите ограничувања за влез на настани, во продавници и ресторани се укинати. Но, обврската за носење маски во затворен простор и натаму останува.

Некои ограничувања, исто така, ќе продолжат да се применуваат при влез во Израел. Земјата со девет милиони жители успешно спроведува кампања за вакцинација од 19 декември. Новите инфекции и тешки форми на болеста драматично опаднаа во последните месеци. Во неделата, бројот на новозаразени со коронавирус падна на најниско ниво од почетокот на пандемијата. Потврдени се само четири случаи. (МИА)