Хонг Конг ќе воведе карантин за десетици илјади свои жители за борба против новиот бран епидемија на коронавирусот, и тоа е прва таква мерка што градот под кинеска управа ја презеде од почетокот на пандемијата, објави денеска локален весник.
Саут Морнинг Чајна Пост, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата, соопшти дека новата мерка ќе биде насочена кон области на Јордан и Шам Шуи По кои опфаќаат мал, но густо населен дел од полуостровот Коулун. Постојат многу стари станови во населбите каде што вирусот може полесно да се шири.
Здравствените власти во градот со 7,5 милиони жители минатиот петок најпрво изолираа четири станбени блокови во областа, запирајќи ги луѓето да влегуваат или да излегуваат од тие згради за да обезбедат сите жители да бидат во карантин.
Владата ќе го укине затворањето кога ќе бидат тестирани сите жители во областа, нагласува весникот.