понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина: Експлозија на камион полн со динамит, седум лица загинати

Кина: Експлозија на камион полн со динамит, седум лица загинати

Седум лица загинаа, а 13 се повредени во северниот дел на Кина, кога експлодирал камион кој превезувал пет тони динамит.

Инцидентот се случил малку по полноќ во провинцијата Шанси, а Владата на тој регион соопшти дека се испитува причината за експлозијата.

Кинеските државни медиуми објавија дека помеѓу жртвите се возачот на камионот, магационери и припадници на обезбедувањето.

Како се наведува, вработените во магацинот го користат експлозивот за рударски и градежни работи.