четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина повикува на обединување против коронавирусот

Кина повикува на обединување против коронавирусот

Кина денеска повика на меѓународно единство против коронавирусот, по вчерашните критики од францускиот претседател Емануел Макрон и неколку други западни земји.

Критиките на официјален Пекинг му беа упатени заради неговото управување со епидемијата на коронавирусот.

-Императивно е сите земји да се обединат во борбата против епидемијата и да победат во оваа војна против Ковид-19, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан.

Во интервју за „Фајненшел тајмс“ , што беше објавено синоќа, Макрон оцени дека постојат мрачни зони во кинеското управување со епидемијата на коронавирусот, по нејзиното појавување во центарот на оваа земја, во декември 2019 година.

Макрон оцени дека е „наивно“ да се каже дека начинот на кој Кина управуваше со кризата бил подобар од другите земји. „Не го знаеме тоа. Дури има и очигледни работи кои се случиле за кои ние не знаме“, рече Макрон.

Портпаролот на кинеското МНР, пак, денеска оцени дека „е бескорисно“ да се расправа за предностите и маните на различните политички системи и дека е важно да се обединиме во борбата против пандемијата

Кон резервите на францускиот претседател за кинеското управување со кризата се приклучија и Лондон и Вашингтон. Велика британија вчера ја предупреди Кина дека треба да одговори на тешки прашања за појавата на вирусот и зашто не го зпаре порано. Администрацијата на американскиот претседател го обвини Пекинг дека „ја криел“ сериозноста на епидемијата на почетокот и го замрзна и финансирањето на СЗО, забележувајќи дека ги поддржувало кинеските ставови. (МИА)