вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина рекордер по бројот на создадени вакцини против коронавирус, одобрена петата по ред

Кина рекордер по бројот на создадени вакцини против коронавирус, одобрена петата по ред
МИА

Кина денеска ја одобри петтата вакцина за итна употреба против коронавирусот, соопшти Институтот за микробиологија при Кинеската академија на науките.

Последната фаза од клиничките испитувања е во тек, а не се познати податоците за безбедноста или ефикасноста на вакцината. Оваа вакцина се прима во три дози во период од по еден месец.

Како и останатите кинески вакцини може да се чува на нормални температури во ладилник.