Кинескиот преетсеател Си Џинпинг денеска е во посета на Вухан, епицентар на епидемијата со новиот коронавирус. Тоа е негова прва посета на тој град од почетокот на епидемијата во крајот на минатата година.
За време на посетата во Вухан Си „ќе посети и ќе упати поздрави до медицински персонал, војници, работници во заедницата, полициски службеници, локални власти и волонтери кои се борат против епидемијата, како и со пациенти и жители на градот“, јави Синхуа.
Си воглавно беше отсутен од кинеските државни медиуми од почетокот на кризата, но од минатиот месец е поприсутен откако ситуацијата се влоши.