Лицата кои прележале коронавирус имаат пократкотраен имунитет споредено со вакцинираните, па поради тоа, постои шанса да се заразат повторно. Има доста случаи на второ и трето заразување, што значи дека овој имунитет не е траен. Ниту имунитетот од вакцина не е траен, но е подолг од оној на прележаните.
Резултатите од истражување сугерираат дека просечниот ризик од реинфекција се зголемува од околу 5% веќе четири месеци по првичната инфекција, а се намалува и до 50 отсто по 17 месеци, односно година до две од првиот пат на прележување на коронавирусот.
Врз основа на досегашните сознанија, доколку би се воспоставила контрола врз пандемијата, таа може да премине во сезонска епидемија, како и грипот, но уште е премногу рано да се претпоставува што би се случувало.
За тоа е потребно и прележаните и вакцинираните, но и непрележаните и невакцинираните да ги почитуваат мерките на претпазливост, за да се спречи масовно ширење и нови бранови и мутации на вирусот.