понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 1.000 починати од коронавирусот, вчерашниот ден најсмртоносен

Над 1.000 починати од коронавирусот, вчерашниот ден најсмртоносен

Во кинеската провинција Хубеи, едно од жариштата на коронавирусот, вчера биле регистрирани 103 нови смртни случаи, како и 2.097 новозаболени, додека во цела Кина од последиците на оваа заразна болест веќе починаа повеќе од 1.000 лица, јавија британските медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија.

Само во овој дел на Кина се заразени 31.728 лица, а 974 лица починале од последици на болеста. Покрај тоа евидентирани се уште 16.687 сомнителни случаи.

Бројот на починати во провинцијата Хубеи вчера беше најголем откако болеста се појави во земјата.

Во Кина досега се потврдени над 42.000 заболени од коронавирусот, а 319 случаи се регистрирани во 24 други земји, се наведува во податоците на Светската здравствена организација, како и на кинексите здравствени власти.

Светската здравствена организација истакнува дека 168 лаборатории ширум светот во моментов прават трестирање со цел да го пронајдат лекот за оваа смртоносна болест.