недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 20 лица заразени со коронавирус во американската Амбасада во Кабул

Најмалку 20 лица заразени со коронавирус во американската Амбасада во Кабул

Американскиот Стејт департмент соопшти дека најмалку 20 лица биле заразени со коронавирусот во Амбасадата на САД во Кабул.

Меѓу заразените членови на американската дипломатска мисија во авганистанскиот главен град има дипломати, државни службеници, работници по договор и локален персонал.

– Амбасадата ги презеде сите соодветни мерки за да спречи понатамошно ширење на коронавирусот, соопшти Стејт департментот.

Според официјални претставници на американската Амбасада, сите заразени се во изолација.