недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најубавата плажа на светот се уништува бидејќи туристите често имаат секс на неа

Најубавата плажа на светот се уништува бидејќи туристите често имаат секс на неа

Бројот на туристи кои имаат секс на најпопуларната нудистичка плажа на Ибица почна да им штети на заштитените песочни дини, наведува друштвото за заштита на животната околина.

Белиот песок на плажата Es Cavallet е толку убав што не чуди што милиони туристи годишно ја посетуваат плажата, вклучувајќи ги и оние кои разменуваат страсти.

Меѓутоа, сега од друштвото за заштита на животната средина наведуваат дека сексот е главен виновник за ерозијата на познатите, но „деликатни“ дини, кои се дел од Националниот парк „Sea Salines”.

Геолозите и биолозите изјавуваат дека претераната сексуална активност предизвикала штета која не може да се надомести, како и оти целата зона станала позната како место на кое штом зајде сонцето се почнува со сексуални активности. Исто така, бројот на парови кои се кријат зад дините за да водат љубов ги уништила и осетливите видови на билки.

Инаку, Es Cavallet на интернет се промовира како “идеално место да прошетате голи и да најдете љубовник меѓу дините“.

Кампањата против сексот на оваа плажа е актуелна со години, но се чини дека туристите ги игнорираат апелите, па надлежните размислуваат за воведување казни.