недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус почина личниот лекар на папата Франциск

Од коронавирус почина личниот лекар на папата Франциск

Лекарот на папата Фрациск, Фабрицио Сокорзи, почина вчера од компликации предизвикани од коронавирусот, објави ватиканскиот весник Л’Осерваторе Романо.

Сокорзи беше личен лекар на папата од 2015 година, и  имаше 78 години. Тој беше хоспитализиран во Рим на 26 декември на онкологија, објави весникот „Авенир“, што ги следи настаните во Ватикан.

Не е познато кога Сокорзи бил во близок контакт со папата за последен пат.

Во интервју за италијанскиот Канал 5, папата рече дека вакцинирањето во Ватикан ќе започне следната недела и дека тој ќе ја прими вакцината.  (МИА)