Швајцарските организатори на концерти изјавија дека разгледуваат можност да воведат правило – на концерите да може да присуствуваат само лица вакцинирани против Ковид-19, со што ќе се овозможат фестивали и концерти.
„Вакцинацијата може да стане една од мерките што ќе овозможат да се доаѓа на настани“, изјави за весникот SonntagsBlick, Ластефан Брејтенмосер, генерален директор на Професионалното здружение на швајцарски организатори на концерти, настани и фестивали.
Тој додаде дека треба да се соберат повеќе информации за заштитата на вакцините против вирусот.
Кампањата за вакцинација против Ковид-19 почна во средата во Швајцарија, додека земјата со 8,6 милиони жители има повеќе од 425.000 случаи на инфекција и околу 6.500 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Вакцинацијата е бесплатна и не е задолжителна. Швајцарската фудбалска лига соопшти дека се уште разгледува таква мерка.