четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откриени 38 антитела кои го неутрализираат коронавирусот

Откриени 38 антитела кои го неутрализираат коронавирусот

Научници од Јужна Кореја изолираа 38 антитела кои можат да го неутрализираат коронавирусот, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести при Министерството за здравство.

Позитивните својства на овие антитела можат да се користат за лекување на заразените со коронавирусот, пренесува БГНЕС.

Истражувањето е спроведено во лабораториите на Националниот институт за здравство и фармацевтската компанија Целтрион. Во текот на истражувањето на крв на пациенти со коронавирус извлечени се антитела што може да се користат за лекување на заразените, бидејќи тие се способни да го неутрализираат опасниот вирус.

„Сите примени примероци имаат силни, неутрализирачки својства на коронавирусот“, велат од Центрите за контрола и превенција на болести. Во блиска иднина ќе се спроведат серија темелни тестирања, вклучително и врз лабораториски животни, за да се потврди позитивниот ефект на откриените антитела.