петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск со поддршка за одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините

Папата Франциск со поддршка за одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините

Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против коронавирус, со што го поддржа и предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, на кој се спротивставуваат некои европски земји, вклучувајќи ја и Германија.

Во говорот на концертот за прибирање средства за промовирање на еднаков пристап до вакцините, Папата истакна дека светот е заразен со „вирусот на индивидуализам“.

„Варијанта на овој вирус е затворен национализам што спречува, на пример, интернационализам на вакцини“, рече тој во претходно снимената видео порака.

„Втората опција е кога ќе ги ставиме правата на пазарот, интелектуалниот пазар или интелектуалната сопственост пред законите на љубовта и здравјето на човештвото“, додаде папата Франциск, потсетувајќи на големиот број смртни случаи од коронавирус. (МИА)