понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петмина ранети при напад во Сан Диего

Петмина ранети при напад во Сан Диего

Пет лица се ранети денеска при вооружен напад во американскиот град Сан Диего, соопшти локалната полиција.

Во соопштението се посочува дека инцидентот се случил кога двајца Афроамериканци стрелале врз тројца мажи и една жена, а потоа отвориле оган и врз уште едно лице во близина на местото на првиот напад.

Петмината ранети, чии идентитет не е соопштен, се пренесени во болница и се вон животна опасноста.

Веднаш по инцидентот напаѓачите побегнале и полицијата трага по нив. Напаѓачите се идентификувани како „лица на возраст меѓу 19 и 25 години, високи околу 180 сантиметри и облечени во темна облека“.

Мотивите за нападит засега не се познати.