понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По ерупцијата на вулканот, Гватемала погодена од силен земјотрес – расте бројот на загинати

По ерупцијата на вулканот, Гватемала погодена од силен земјотрес – расте бројот на загинати

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер е регистриран на брегот на Гватемала.

Земјотресот следуваше само неколку часа по ерупцијата на вилканот Фуего, при што животот го загубија 62 лица, а над 1000 мораа да ги напуштат своите домови, јавува Ројтерс.

Поради ерупцијата на вулканот евакуирани се 3.200 лица, соопштија официјални лица.

Како што се наведува околу 300 се повредени.

Вулканот Фуего, исфрла лава од 8 километри, како и дим и пепел.

-Реката лава го преплави брегот и го погоди селото Ел Родео. Има повредени, изгорени и мртви, изјави генералниот секретар на Агенцијата за природни катастрофи Серџо Кабанас.