Директорот на групата за вакцини на Универзитетот во Оксфорд, Едру Полард, предупреди дека годинава ќе има многу повеќе мутации на коронавирусот и дека мора да се навикнеме на тоа, но дека постојните вакцини можат да се прилагодат и на новите видови.
-Додека со нетрпение ги очекуваме вакцините, во текот на 2021 година ќе наидеме на многу нови видови на Ковид-19 и ќе мора да се навикнеме на тоа, изјави Полард за Би-Би-Си.
Според него, најважното прашање е дали некои од овие нови мутации се прилагодување на вирусот поради имунитетот меѓу популацијата, односно, како што рече, „дали е тоа резултат на самиот вирус или навистина е резултат на вакцинација“
Полард нагласува дека новите верзии на вирусот се откриваат во раната фаза и дека, доколку е потребно, вакцините ќе бидат „прилагодени многу брзо“.
Тој се согласи со епидемиологот Eдон Едмундс, кој за „Би-Би-Си радио 4“ изјави дека во Велика Британија веројатно веќе се појават случаи на бразилската мутација на коронавирусот.
-Ние сме една од најповрзаните земји во светот, па ќе биде необично да не увеземе некои такви случаи во Велика Британија, заклучи Полард.