четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поради коронавирусот Кина ќе ги дезинфицира парите

Поради коронавирусот Кина ќе ги дезинфицира парите

Кина планира да ги дезинфицира парите за кои постои сомнеж дека биле во контакт со заразени лица од новиот коронавирус.

УВ зраците и загревањето би требало да ги дезинфекцираат банкнотите, а дел од парите ќе бидат уништени.

Парите кои доаѓаат од болниците нема повеќе да се употребуваат.

Поради ширењето на Ковид-19 финансиските институции ширум светот ја разгледуваат можноста за забрана на парите.

Светска здравствена организација препорачува миење на раце по употреба на пари, посебно пред јадење.

Кина пред избивање на епидемијата разви методи за бесконтактно плаќање.