сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од 16 милиони заразени со коронавирус во САД

Повеќе од 16 милиони заразени со коронавирус во САД

Бројот на лица заразени со коронавирус во САД надмина 16 милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, откако еден милион луѓе беа дијагностицирани само во последните четири дена.

Првите осум милиони заразени лица во САД беа евидентирани за нешто повеќе од осум и пол месеци, а тој број се зголеми за два пати за помалку од два месеци, пренесува Си Ен Ен.

Негативниот рекорд беше поставен на денот кога Американската администрација за храна и лекови одобри итна употреба на вакцината развиена од страна на компаниите Фајзер и Бионтек за имунизација на населението, што треба да започне утре.