сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од три милиони заразени со Ковид-19 во Шпанија

Повеќе од три милиони заразени со Ковид-19 во Шпанија

Во Шпанија со Ковид-19 заразени се над три милиони луѓе, а во изминатото деноноќие регистрирани се 766 смртни случаи, што е највисока дневна бројка в текот на третиот бран од епидемијата.

За еден ден регистрирани се 16.402 новозаразени лица, со што вкупната бројка се искачи на 3.005.487 инфицирани со Ковид-19. Додека вкупниот број на починати лица од последици на вирусот изнесува над 60.000.

Но, и покрај високите бројки во Шпанија опаѓа бројот на новозаразени лица. Во земјата вакцинирани се над два милиони луѓе, а 786.407 луѓе ја примија и втората доза од вакцината против Ковид-19.