сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОВТОРНО РУСКИ АВИОН СЕ УРНА ВО ЗГРАДА – во рок од неколку дена ова е втора ваква бизарна несреќа (ВИДЕО)

ПОВТОРНО РУСКИ АВИОН СЕ УРНА ВО ЗГРАДА – во рок од неколку дена ова е втора ваква бизарна несреќа (ВИДЕО)

Руски воен авион денеска се урна во станбена зграда во сибирскиот град Иркутск, соопштија регионалните власти.

Според локални медиуми, две лица загинале. Гувернерот на Иркутск Игор Кобзев изјави дека авионот паднал врз двокатна зграда.

Локалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека борбен авион Су-30 се урнал за време на вежба и удрил во двокатна дрвена зграда, предизвикувајќи пожар.

Пред помалку од една недела, друг руски воен авион се урна во близина на станбена зграда во пристаништето Јејск на Азовското Море и експлодираше, при што загинаа 15 лица, а 19 други беа повредени.