среда, 10. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на нови случаи на коронавирус во Кина

Расте бројот на нови случаи на коронавирус во Кина

Кина потврди седум нови случаи на коронавирус, а претходниот ден имала пет. Ројтерс пренесува дека од новите случаи, четири се увезени.

Во североисточната провинција Џилин која е во парцијален карантин поради новата зараза се пријавени два нови случаи, а еден во Шангај.

Во Шангај е пријавен еден нов случај на локална трансмисија, што е прв случај на Ковид-19 од март.

Во Кина се регистрирани и 18 нови асимптоматски случаи, а претходниот биле биле забележани 12.

Вкупниот број на заразени од коронавирус е 82.954 лица, додека бројот на смртни слуичаи е 4.633.