Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека вонредна состојба ќе биде вратена на сите места во земјата каде дневно ќе бидат регистрирани илјада или повеќе новозаразени со Ковид-19.
Орбан објасни дека загрозените рурални и урбани населби можат да бидат вратени во карантински услови, во зависност од ситуацијата.
– Не смееме да чекаме некој од нашите најблиски да страда од коронавирусот за да се разбудиме и да почнеме да дејствуваме, туку мора да го прифатиме фактот дека опасниот вирус е тука, меѓу нас, дека убива и дека луѓето многу лесно се разболуваат од него, предупреди тој.
Во Романија до сега има повеќе од 38.000 заразени, и повеќе од 2.000 починато од Ковид-19.