САД во Мексико испратија речиси 1,2 милиона дози од вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19, изјави мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.
Новата пратка од вакцината пристигна откако американскиот претседател Џо Бајден неделава изјави дека планира да испрати 60 милиони дози од вакцината „АстраЗенека“ во други држави.
Ова е втора пратка што од САД одат за Мексико. Во март годинава во Мексико беа испратени 2,7 милиона дози вакцини од истиот производител.