недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Секој четврти Италијанец годинава се откажал од летување

Секој четврти Италијанец годинава се откажал од летување

Повеќе од 13 милиони Италијанци летово се откажале од одморите поради неизвесноста, стравот и финансиските тешкотии од пандемијата со Ковид-19, што е 23 отсто помалку туристи во однос на минатата година.

Во Италија повеќето луѓе кои и годинава се решија да одат на одмор избираат туристички дестинации во својата земја заради поддршка на домашниот туризам, но и заради неизвесноста околу патувањата во странство, покажа анализата на здруженијата Колдирети и Институт X.

Околу 25 отсто од Италијанците избрале дестинација во близина на нивниот дом, односно во рамките на регионот на живеење, а најчесто избрани локации им се крајбрежните градови, планини, помалите градови и села.

Поради пандемијата, италијанските туристи оваа сезона претпочитаат да останат во своите викендички, да посетуваат роднини и пријатели или да изнајмат станови и куќи, отколку да престојуваат во хотели.