Пекинг не прифаќа да се спроведе меѓународна истрага во Кина во врска со потеклото на коронавирусот, изјави за Би-Би-Си кинеската амбасадорка во Велика Британија.
Чен Вен за телевизијата вели дека оваа истрага е политички мотивирана и дека истата нема да ја прифати кинеската влада.
-Во моментов се бориме против вирусот и сме концентрирани на тоа, зошто да зборуваме за истрага за тоа? Тоа не само што би го одземало вниманието од пандемијата туку штетно ќе му влијае на Пекинг во борбата со коронавирусот, вели Чен.
Таа додава дека постојат многу непотврдени информации за настанувањето на вирусот, нешто слично како „политички вирус“, опасен повеќе и од самиот КОВИД-19.