Епидемијата на коронавирус значајно ќе влијае врз глобалната трговија, предупреди првиот човек на Светската трговска организација (СТО) Роберто Азеведо, предвидувајќи ги првите конкретни показатели во следните недели.
„Последиците во глобалната економија веројатно ќе бидат значајни и ќе почнат да се покажуваат во трговските податоци во следните недели, рече Азаведо пред амбасадорите собрани на затворена средба во Женева.
Меѓу темите бил и јунскиот состанок во Казахстан, на кој министрите од земјите членки на СТО, меѓу другото, ќе се обидат да постигнат договор за субвенционирање во земјоделието, интернет трговијата и рибарството.
„Што се однесува до МЦ-12, се држиме до планот. Доколку ситуцијатата побара, ќе ги преземеме сите потребни мерки“, рече Азаведо.
На средбата во Казахстан треба да присуствуваат неколку илјади лица, напоменуваат британските медиуми.
Успешниот исход од јулскиот самит на СТО се смета за клучен за легитимитетот и релевантноста на оваа глобална организација, чиј систем на арбитража во трговските спорови во моментов е парализиран бидејќи САД го блокираше именувањето на двајца нови судии.