сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Студија: „Фајзер“ не го зголемува ризикот од срцеви заболувања кај лица над 75 години

Студија: „Фајзер“ не го зголемува ризикот од срцеви заболувања кај лица над 75 години

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер не го зголемува ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми (срцев удар, мозочен удар, белодробна емболија), кај лица постари од 75 години, според официјално француско истражување.

Резултатите од оваа студија „сугерираат дека вакцинацијата со Фајзер не е поврзана со зголемување на ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми кај постари од 75 години“, по првата или втората доза, заклучуваат авторите.

Истражувањето е спроведено во рамки на научно-интересна група која ги вклучува АНСМ и Цнам.

Студијата ги земала во предвид сите случаи на хоспитализација пријавени во Франција поради срцев удар, мозочен удар и белодробна емболија меѓу декември 2020 година и март 2021 кај пациенти од оваа возрасна категорија.

Во студијата без вклучени речиси 30.000 лица.