сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СВЕТ: Над 107 милиони заболени од коронавирус

СВЕТ: Над 107 милиони заболени од коронавирус

Според податоците на сајтот „Worldometers“ во светот од почеток на коронавирус пандемијата потврдени се 107.007.830 случаи.

Како активни во моментов се водат 25.656.799 случаи ширум светот.

Оздравени се 78.867.744 лица, а светот брои и 2.336.339 смртни случаи од Ковид-19.

Најголем број случаи има во САД – над 27,7 милиони, Индија со повеќе од 10,8 милиони позитивни лица, Бразил – над 9,5 милиони и Русија и Велика Британија кои имаат над 3,9 милиони потврдени позитивни случаи на Ковид-19.