петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СВЕТ: Над 110 милиони заболени од коронавирус

СВЕТ: Над 110 милиони заболени од коронавирус

Од почетокот на пандемијата повеќе од 110 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдометар“.

Најмногу заразени има во САД – повеќе од 18 милиони луѓе, потоа следува Индија со скоро 11 милиони заразени, па Бразил со 9,9 милиони …

Русија е на четвртото место во светот и прва во Европа со повеќе од четири милиони случаи на Ковид-19.

Вакцинацијата против коронавирусот почна во средината на декември минатата година и досега се вакцинирани речиси 178 милиони луѓе ширум светот.