вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО свика состанок на одборот за итни прашања

СЗО свика состанок на одборот за итни прашања

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус, најави дека утре ќе се состане одборот за итни прашања за да се процени развојот на пандемијата со коронавирусот, три месеци по прогласувањето на итни меѓународни здравствени ситуации.

Реагирајќи на бројните критики упатени кон СЗО, тој ги набројува сите акции кои Организацијата ги превземала од јануари, како и дека утре повторно ќе биде разгледана ситуацијата.

На 30 јануари СЗО прогласи итна здравствена ситуација од меѓународни размери, што е највисоко ниво на узбуна и според меѓународните санитарни прописи, одборот за итни прашања треба да се состанува најмалку на секои три месеци.

Првпат Гебрејесус го свика одборот кога во светот, со исклучок на Кина, беа регистрирани само 82 случаи на Ковид-19, без смртен случај.