понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРАГЕДИЈА: Планинар загинал лизгајќи се на мраз, а неговиот брат доживеал срцев удар кога тоа го видел

Излегле да го побараат и кога го пронашле мртов, другиот брат доживеал срцев удар, пренесуваат хрватските медиуми повикувајќи се на хрватската полиција.
ТРАГЕДИЈА: Планинар загинал лизгајќи се на мраз, а неговиот брат доживеал срцев удар кога тоа го видел

Двајца браќа смртно настрадале вчера вечерта во близина на планинарскиот дом на хрватската планина Мосор. Станува збор за браќа на возраст од 57 и 60 години.

Двајцата престојувале на планинарскиот дом. Едниот од нив излегол по вода, се лизнал на мраз, удрил со главата и починал на лице место. Остатокот од групата бил во домот, па им било необично зошто не се враќа.

Излегле да го побараат и кога го пронашле мртов, другиот брат доживеал срцев удар, пренесуваат хрватските медиуми повикувајќи се на хрватската полиција.

Се обидувале да го реанимираат, но било залудно.

Припадници на Хрватска шумска служба за спасување пристигнале на лице место за да помогнат во транспортот на настраданите.

Според полициските информации, трагедијата се случила во саботата околу 19:30 часот.