Најмалку 32 деца загинаа во стампедото предизвикано од интервенција на полиција на фудбалски стадион во Индонезија изминатиот викенд, соопштија денеска официјални лица.
-Според податоците со кои располагаме, од вкупно 125 настрадани, 32 се деца, од кои најмладото е на две или тригодишна возраст, соопшти индонезиското Министерство за жени и социјална заштита.
Најмалку 125 луѓе загинаа во саботата во стампедо на крајот од фудбалскиот натпревар во градот Маланг на истокот на индонезискиот остров Јава, кога илјадници навивачи влегоа на теренот, а полицијата употреби солзавец во обид да воспостави ред.
Официјални лица првично соопштија дека бројот на настрадани е 174, но подоцна ја ревидираа бројката на жртви поради, како што наведоа, двојно броење на дел од загинатите. (МИА)