Ватикан во Кина испратил стотици илјади медицински маски, како помош во борбата со епидемијата од коронавирусот, јавија британските медиуми.
Ватикан на својот официјален сјат објави дека маските се спакувани во вреќички од по 10 парчиња, и се со ознаката на папата Франциск, а се упатени во кинеските провинции Хубеи, Ѓенѓијанг и Фуџијанг.
Патата Франциск претходно ја поздрави „големата посветеност“ на Кина во сузбивањето на коронавирусот и рече дека се моли за умрените, болните и семејствата на жртвите.
Британските медиуми потсетуваат дека повеќедецениските заладени односи меѓу Ватикан и Пекинг се поправија од септември 2018 година, кога беше потпишан договорот за начинот на избор на католички бускупи во Кина.
Кина претходно вчера соопшти дека и се неопходни медицински маски, заштитни одела и очила.