По повеќе од една година заклучени врати, музеите и галериите во Венеција ги отвораат вратите за посетители.
Агенцијата Анса јавува дека познатата галерија „Пеги Гугенхајм“ денес ќе ги прими првите посетители кои ги резервирале картите однапред. Поставена е изложба во чест на 1.600 години од постоењето на градот на вода.
За денеска се планирани отворања на неколку музеи и галерии.
-Многу е важно што отвораме постепено откако предолго бевме затворени и без посетители. Тоа е знак за надеж. Сите сме изморени и обесхрабрени и добро е што за публиката ги отвраме културните установи бидејќи се дел од нашиот идентитет и секојдневен живот, изјавил директорот на галеријата „Пеги Гугенхајм“.
Посетителите ќе бидат примени, но со строги анти ковид правила, обезбедена резервација, носење заштитна маска, ограничен број посетители и почитување на физичката дистанца.