сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Девојка јаде супа со лилјак, најверојатен извор на епидемијата со коронавирусот

Изворот на смртоносна епидемија од коронавирусот се чини дека е пазарот во градот Вухан.
ВИДЕО: Девојка јаде супа со лилјак, најверојатен извор на епидемијата со коронавирусот

Откако беше направен тест за новиот коронавирус, докажано е дека сите 44 луѓе кои први се заразиле во Вухан, го посетиле, работеле или на пазарот работел член на нивното семејство. Пазарот во меѓувреме е затворен.

Иако е наречен пазар за морска храна Хуан, таму се продава многу повеќе од морска храна. На ваквите пазари, покрај мртва и жива живина и добиток, може да се најдат разни живи диви животни: цибетки (мало животно кое личи на куна и мачка), птици, зајаци, стаорци, лисици, лилјаци, змии и други влекачи, магариња, камили, па дури и мајмуни.

Научниците се сомневаат дека вирусот започнал од лилјак.

„Коронавирусите како САРС циркулираат во лилјаци и влегуваат во човечката популација “, изјави вирусолог од Rocky Mountain Laboratories, Винсент Мунстер, за Business Insider. На пример, лилјаците можат да го пренесат вирусот преку нивниот измет со кој што цибетки или змии можат да дојдат во контакт.

Во меѓувреме, се појавија вознемирувачки снимки на социјалните мрежи и некои медиуми од супа од лилјак , поради што се шпекулира дека овој конкретен кинески „деликатес“ може да биде извор на опасната зараза.

Во последните неколку дена, на социјалните мрежи се шири видео со девојче како јаде супа од лилјак во ресторан.

„Јади месо“, се слуша маж како зборува на снимката.

„Треба да го јадеш месото од грбот“, додава тој.