Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Италија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две недели откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус.
Фонтана ова го објави во видео порака на Фејсбук.
Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија.
Во земјата се пријавени 400 случаи на Ковид-19, што е најголем број на заразени во Европа.