Бројот на заразени со Ковид-19 во Африка достигна до 10.075 случаи, од кои 487 смртни, соопшти на Твитер Африканскиот центар за контрола и спречување болести.
Од сите 55 држави-членки на Африканскиот сојуз, 52 пријавија случаи на заразени. Поголем број, повеќе од 4.500, се граѓани на држави од Северна Африка.
Најмал број заразени, 861 случај, се регистрирани во источниот дел на континентот.
Најголем број се заразени во Јужноафриканската Република – 1.686, од кои 12 смртни. Алжир и Египет се следните, со 1.423 и 1.322 заразени. Алжир има најмногу смртни случаи – 171. Во Египет има 85, а во Мароко 80.
Во моментот, Лесото и Коморските острови, кои се членки на Африканскиот сојуз, немаат регистрирани случаи на заразени со коронавирус.