вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Африка повеќе од 1,5 милиони заразени лица со Ковид-19

Во Африка повеќе од 1,5 милиони заразени лица со Ковид-19

Во последните два дена во Африка се потврдени повеќе од 16.000 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени на овој континент надмина 1,5 милиони лица, соопшти Светската здравствена организација.

Од почетокот на пандемијата загинаа над 36.000 луѓе, а само во последното деноноќие се регистрирани 234 смртни случаи. Оздравени се над 1,2 милиони пациенти.

Најголем број заразени и починати лица има во Јужноафриканската Република, а следуваат Египет, Нигерија и Гана.