среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Бразил за еден ден регистрирани 39.483 новозаболени лица

Во Бразил за еден ден регистрирани 39.483 новозаболени лица

Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Со тоа вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 1.228.114 лица, со што Бразил  е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на трето место.

Бразил е на второ место и по бројот на починати од последици од Ковид-19.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој од почетокот на пандемијата се сомнева во сериозноста на новиот коронавирус, изјави дека мисли оти е заразен, иако имал негативен тест и најави дека повторно ќе се тестира.