четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Кина најмал број на новозаразени со коронавирус од средината на март

Во Кина најмал број на новозаразени со коронавирус од средината на март

Во Кина во последните 24 часа се забележани 18 нови случаи на коронавирус, што е најмал број на новозаразени од 17 март и за 10 помалку од претходниот ден, соопшти Националната комисија за здравство.

Од вкупниот број нови случаи, девет се увезени случаи, најмал број на новозаразени кои дошле од странство од 13 март.

Откриени се 44 нови асимптоматски случаи, 10 помалку од претходниот ден.

Вкупниот број на заболени од новиот коронавирус од почетокот на епидемијата е 82.735, а нема нови смртни случаи, па вкупниот број на починати останува 4.632.