Во Романија во изминатите 24 часа потврдени се 1.189 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на инфицирани се искачи на 77.544 луѓе.
Во болница во моментот се 7.202 луѓе, од кои 504 се на респиратор.
За еден ден во Романија регистрирани се 37 смртни случаи со што вкупниот број на починати од последици од новиот коронавирус изнесува 3.233.