недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Салцбург изнајмиле авион за да ги вакцинираат луѓето во него: Одзивот е неверојатен

Во Салцбург изнајмиле авион за да ги вакцинираат луѓето во него: Одзивот е неверојатен

Надлежните австриски власти постојано се во потрага по стимулации за да ги натераат граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот.

Во вторникот во Салцбург бил воспоставен пункт за вакцинација во еден авион што предизвикал граѓаните да дојдат и да се вакцинираат.

Власта на градот Салцбург изнајмила авион од компанијата „Јуровингс“ во кој граѓаните може да примат прва, втора или трета доза.

При „чекирањето“ лицата биле „проверени“ од работниците на „Црвениот крст“, а потоа ја поминале безбедносната контрола, а имале можност да ја посетат и пилотската кабина на авионот.

Раководството на аеродромот во Салцбург е презадоволно од оваа акција, бидејќи во првите неколку часа дошле да се вакцинираат над 100 лица.

– Бев изненадена што дојдоа толку многу луѓе уште пред да ја започнеме акцијата. Ми беше драго што успеавме да ја организираме оваа акција со Јуровингс, Црвениот крст и провинцијата Салцбург – изјави директорката на аеродромот Бетина Гангхофер.